27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбиена жалбата на Писториус, атлетичарот го чека затворска казна

Одбиена жалбата на Писториус, атлетичарот го чека затворска казна

pistorius

Уставниот суд на Јужноафриканската република ја одби жалбата на атлетичарот Оскар Писториус, која се однесува на пресудата за убиството на неговата девојка Рива Стенкамп.

По одлуката на Уставниот суд, како што пренесуваат медиумите, повеќе нема никакви пречки судиите да го осудат атлетичарот на рочиштето кое е закажано за 18.април.

Одлуката на Уставниот суд ја потврдил и адвокатот на Писториус, Ендрју Фосит.

Писториус, кој во 2013 година ја уби својата девојка Рива Стенкамп, тврди дека судовите погрешиле кога го осудиле за убиство од негрижа, поради што тој одлуката ја обжали пред Уставниот суд.

Според законите во Јужна Африка, минимална затворска казна за убиство изнесува 15 години, иако судиите можат да изречат и помала казна поради олеснителни околности.

Писториус се наоѓа во домашен притвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП