6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекорд на Барселона, три гола на Меси

Рекорд на Барселона, три гола на Меси

Rayo-Vallecano-v-Barcelona

Барселона славеше над Рајо Ваљекано со 5:1 и постави нов рекорд во шпанскиот фудбал. Избраниците на Луис Енрике се непоразени на последните 35 натпревари со што го соборија рекордот на Реал Мадрид од сезоната 1988/1989. На „Ваљекас“ стадионот во Мадрид, Лео Меси постигна ’хет трик’, Арда Туран го постигна првиот гол во дресот на Барселона, а мечот мина и во знакот на лошото судење на арбитрите предводени од Ињаки Биканди.

Резултатот го отвори Ракитиќ во 21.минута, кога рутински ја спроведе топката во мрежата на Рајо по грешката на голманот Хуан Карлос. Веќе во следната минута Барса поведе со 2:0, но голот на Меси не беше регуларен, бидејќи асистентото Нејмар, во моментот кога доби топка од Иниеста беше во офсајд.

Победникот практично беше решен во финишот на првиот дел кога Љоренте, поради старт врз Ракитиќ, доби директен црвен картон.

Во второто полувреме Меси зголеми на 3:0, а веднаш потоа Манучо ја продолжи својата голгетерска серија и намали на 3:1.

Барселона потоа доби пенал, а поради прекршокот Итура доби црвен картон. Главниот судија и тука направи голема грешка бидејќи Бускетс, во моментот кога се обидуваше да постигне гол беше во офсајд.

Сепак, голманот Хуан Карлос го одбрани пеналот кој го изведе Луис Суарез. Уругваецот втор пат во низа не реализириаше пенал во шпанското првенство, а Барселона го промаши седмиот пенал сезонава.

До крајот на мечот Меси го комплетираше ’хет трикот’, а Арда Туран, со својот прв гол во дресот на Барселона, го постави конечниот резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП