4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТенисерите ја декласираа Албанија

Тенисерите ја декласираа Албанија

mak-devis-kup

Македонската Девис куп репрезентација забележа уште една убедлива победа на турнирот во Талин. По триумфот над Ерменија, македонските тенисери, во четвртокот, со максимални 3:0 славеа против Албанија.

Првиот поен за Македонија го освои Димитар Грабул кој со 7:6, 6:1 славеше над Флавио Дече, потоа Томислав Јотовски без загубен гем го декласира Генајд Шипхеја, а третиот поен во двојки на Македонија ѝ го донесоа Јотовски и Србљак.

Во петок македонските репрезентативци го играат решавачкиот натпревар за првото место во групата, коешто носи пласман во полуфиналето. Противник на Македонија ќе ѝ биде тениската селекција на Ирска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП