19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаул Гонзалес: Нема да дозволиме изненадување против Монпелје

Раул Гонзалес: Нема да дозволиме изненадување против Монпелје

lazarov gonzales 33

Монпелје е екипата против која ракометарите на Вардар ќе го одиграат последниот натпревар во фазата по групи во Лигата на шампионите. Натпреварот е многу значаен за „црвено-црните“, бидејќи со победа над францускиот тим и со пораз на Рајн Некар во Барселона ќе ја обезбедат третата позиција на табелата во Б групата.

Вардар, по победите над Кристијанштад и ПИК Сегед, против Монпелје сака да ја продолжи серија на победи во Лигата на шампионите. Триумф над францускиот тим на Вардар ќе му го обезбеди третото место во групата и осминафинален двомеч со Висла.

„Сакаме да стигнеме до третото место во групата, за тоа да се случи прво ќе мора да го совладаме Монпелје, а и Рајн Некар да загуби од Барселона. Тимот се наоѓа во добар ритам и треба да го искористиме домашниот терен за да забележиме победа. Секако дека сме под притисок пред овој меч, но ќе мора да го надминеме доколку сакаме да победиме“, рече на прес конференцијата во пресрет на натпреварот, тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Капитенот на тимот, Филип Лазаров, го респектира противникот, за кого вели дека во Скопје ќе допатува без притисок и со намера да одигра добар меч.

„Монпелје е квалитетна екипа, која во Скопје доаѓа растоварена и без резултатски притисок. Ќе сакаат да не изненадат, но ние нема да го дозволиме тоа. Тимот се наоѓа во добра серија и тоа треба да го искористиме за да стигнеме до третото место во групата“.

Натпреварот помеѓу Вардар и Монпелје ќе се одигра в сабота, со почеток во 17:30 часот, а истиот ден од 20:30 часот Барселона ќе го пречека Рајн Некар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП