2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал без Чех во дербито на северен Лондон

Арсенал без Чех во дербито на северен Лондон

cheh

Арсенал, престојниот викенд, ќе биде значително ослабен во локалното дерби со Тотенхем. Дербито на северен Лондон поради повреда ќе го пропушти голманот Петр Чех.

„Чех е повреден и сигурен сум дека нема да настапи против Тотенхем. Имам голема доверба во Давид Оспина, а тимот мора час поскоро да се врати на победничките патеки“, изјавил менаџерот Арсен Венгер, по поразот на неговиот тим од Свонси (1:2).

Оспина, во Арсенал стигна по СП во 2014 година од редовите на Ница, но оваа сезона го загуби местото во стартниот состав откако на „Емирати“ пристигна Чех.

Колумбиецот оваа сезoна бранел на само пет натпревари, но ниту еден од нив не е во Премиерлигата.

Во пресрет на дербито Тотенхем е втор на табелата со три бода помалку од лидерот Лестер и три бода повеќе од третопласираниот Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП