26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА листа: Македонија остана на 138-то место

ФИФА листа: Македонија остана на 138-то место

rang fifa 033

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), денеска ја објави најновата ранг листа, на која македонската репрезентација, исто како и на минатото рангирање, се наоѓа на 138-то место.

Фудбалската репрезентација на Македонија, која во септември ќе ги започне квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија, според рејтингот е претпоследна од селекциите кои ќе и бидат противници во квалификацискиот циклус.

Полош рејтинг од Македонија има само Лихтенштајн, оваа селекција на најновата листа на ФИФА напредуваше за две позиции и се наоѓа на 163-то место.

Покрај Лихтенштајн на ФИФА листата за по едно место напредуваа Италија (14) и Албанија (35), додека Израел се искачи за шест позиции и сега се наоѓа на 67-то место.

Најдобар рејтинг од квалификациските противници на Македонија има Шпанија која се наоѓа на третото место, веднаш зад Белгија и Аргентина.

Покрај Белгија, Аргентина и Шпанија во Топ 10 на ФИФА листата се уште Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП