2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМајнц славеше во Минхен

Мајнц славеше во Минхен

_88551219_mainz_epa

Мајнц ја прекина серијата на Баерн од 17 последовни победи на домашен терен, во сите натпреварувања, и го приреди најголемото изненадување во 24.коло во Бундеслигата.

Поразот на Баерн го искористи Борусија Дортмунд, која со победата над Дармштад им се доближи на Баварците на пет бода пред меѓусебниот дуел.

Мајнц го шокира Баерн и сериозно ја истакна кандидатурата за настап во квалификациите во Лигата на шампионите.

На „Алијанц Арена“ Мајнц до триумфот стигна со головите на Сампјеро во 26-та и Бусман во 81-та минута, а единствениот гол за Баерн го постигна Робен. Баерн го доживеа првиот пораз на домашен терен по серијата од 17 победи во сите натпреварувања, односно првиот пораз по 13 мечеви во Бунделигата.

Киксот на Баерн го искористи Борусија, која пред меѓусебниот дуел во Дортмунд ја намали предноста на Баварците на пет бода. Борусија, без Ројс и Мхитаријан славеше во Дармштад со 2:0 со головите на Рамос и Дурм.

Резултати:

Баерн-Мајнц 1:2

Дармштад-Борусија Д 0:2

Херта-Ајнтрахт 2:0

Хофенхајм-Аугзбург 1:2

Баер Леверкузен-Вердер 1:4

Шалке-ХСВ 3:2

Менхенгладбах-Штутгарт 4:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП