
Македонската Девис куп репрезентација со максимална победа стартуваше на турнирот во Третата Европска зона, кој во средата започна во естонската престолнина Талин.


Македонската Девис куп репрезентација со максимална победа стартуваше на турнирот во Третата Европска зона, кој во средата започна во естонската престолнина Талин.
Во првото коло, во Б групата, Македонија убедливо славеше над Ерменија. Максимални победи забележаа Димитар Грабул против Кхахатарјан (6:4, 6:0), односно Томислав Јотовски против Аветисијан (6:4, 6:2).
Максималната победа Македонија ја потврди во игра на двојки, Јотовски и Грабул со 6:1, 6:4, славеа над Аветисијан и Никогосјан
Нареден противник во групата на Македонија ќе и биде Албанија, која во првото коло загуби од Ирска.
На турнирот во Талин учествуваат 15 репрезентации, Азербејџан се повлече непосредно пред жрепката, тие се поделени во четири групи, а пласман во полуфиналето ќе изборат победниците во правата фаза.