24 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуп на Македонија: Работнички и Шкендија на чекор до финалето

Куп на Македонија: Работнички и Шкендија на чекор до финалето

kup-makedonija-500

Фудбалерите на Работнички и Шкендија направија голем чекор кон пласманот во Купот на Македонија, откако во средата, Работнички ремизираше кај Брегалница, а Шкендија победи во Турново.

Бранителот на титулата во Купот на Македонија, екипата на Работнички, одигра 1:1 во Кочани против Брегалница. Двата гола на овој меч беа постигнати во второто полувреме, најпрвин Брегалница поведе преку Нацев во 63.минута, а десет минути подоцна конечниот резултат го постави Алтипармаковски.

Шкендија со по еден гол во секое полувреме го реши мечот во Турново со 2:0 и го направи реваншот само формалност. Стрелци на головите беа Ибраими во 11-та и Радески во 51.минута.

Возвратните натпревари од полуфиналето во Купот на Македонија ќе се одиграат на 13.април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП