3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши сезоната за Линдзи Вон

Заврши сезоната за Линдзи Вон

von 998

Американката Линдзи Вон, објави дека поради повреда на коленото, повеќе нема да се натпреварува оваа сезона во Светскиот куп. Вон со повредата се здоби, во саботата на трката во Андора, а дополнителните прегледи покажале дека се работи за фрактура на коска во коленото.

„Моја е одлуката да ја завршам сезоната. Ова е една од најтешките одлуки во мојата кариера, бидејќи водам во генералниот пласман во Светскиот куп“, напишала 31-годишната Вон на својот профил на Facebook.

Вон, иако сезоната се уште не е завршена, веќе освои еден трофеј, за вкупна победа во спуст, што е нејзин 20-ти кристален глобус во Светскиот куп.

Американката има 76 победи во кариерата, најмногу во женска конкуренција, а 10 победи ја делат од израмнување на апсолутниот рекорд, кој е во сопственост на Швеѓанецот Ингемарк Стенмар.

По откажувањето на Вон најмногу шанси за вкупен триумф во Светскиот куп има Швајцарката Лара Гут.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП