25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧерноиваненко го напушта ЖРК Вардар

Черноиваненко го напушта ЖРК Вардар

olga-olga

Руската ракометарка Олга Черноиваненко, по завршувањето на сезоната ќе го напушти ЖРК Вардар и ќе се врати во таковината каде ќе ги брани боите на Ростов Дон, објави рускиот тим на својата официјална интернет страница.

Черноиваненко, која ја игра својата втора сезона во ЖРК Вардар, со Ростов Дон потпишала едногодишен договор.

Руската репрезнетативка е втората ракометарка која по завршувањето на сезоната од Скопје ќе се пресели во Ростов, откако претходно соработка со рускиот тим договори и левото крило Сираба Дембеле.

Черноиваненко во кариерата има настапувано уште само за тимот на Лада Тољати. Како репрезентативка на Русија учествуваше на Олимписките игри во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП