3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалатасарај поради казна една година без настап во евро куповите

Галатасарај поради казна една година без настап во евро куповите

galata

Фудбалскиот клуб Галатасарај наредната сезона нема да може да се натпреварува во европските купови, откако УЕФА го суспендира поради кршење на финасискиот фер плеј, пренесоа во средата турските медиуми.

Галатасарај оваа сезона ја започна во Лигата на шампионите, каде во група со Атлетико Мадрид, Бенфика и Астана го освои третото место и продолжи со настапите во Лига Европа. Во ова натпреварување Галатасарај беше елиминиран во шеснаесетфиналето од Лацио.

Галатасарај е вториот турски клуб кој од страна на УЕФА е исфрлен од европските купови, претходно во 2011 година, Фенербахче доби тригодишна суспензија поради местење на натпревари во турскиот шампионат.

Галатасарај во моментов се наоѓа на петтото место во првенството на Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП