21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБоксерите без заштитни кациги на ОИ во Рио

Боксерите без заштитни кациги на ОИ во Рио

боксери

Првпат по 32 години, боксерите нема да носат заштитни кациги на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, објави Меѓународниот олимписки комитет (МОК), со што ја потврди промената која ја иницираше Светската боксерска федерација (АИБА).

АИБА, оваа промена ја усвои уште пред три години, а за таа да започне да се применува и на Олимписките игри, требаше да биде одобрено и од страна на Извршниот комитет на МОК.

МОК објави дека одлуката на АИБА е одобрена без никакви забелешки, откако владејачкото тело на светскиот бокс претставило медицински истражувања, кои покажале дека поголема била веројатноста боксерите да доживеат потрес на мозокот со заштитната кацига, отколку без неа.

Заштитни кациги боксерите носат од Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година.

Оваа одлука на МОК се однесува само за мажите, додека жените и понатаму ќе боксуваат со заштитни кациги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП