25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиерлига: Само бод за Лестер против ВБА

Премиерлига: Само бод за Лестер против ВБА

lester

Фудбалерите на Лестер освоија само еден бод во 28.коло и со натпревар повеќе од Тотенхем имаат три бодови предност на врвот на табелата. Во воедните натпревари од оваа рунда во Премиерлигата, победи забележаа Челзи, Евертон и Борнмут.

Лидерот во Премиерлигата, Лестер, против ВБА, имаше негатива од еден гол, до крајот на полувремето успеа да направи пресврт, но ВБА успеа да избегне пораз, најмногу благодарение на голманот Фостер кој во второто полувреме имаше неколку брилијантни интервенции.

Гостински победи во ова коло забележаа Челзи против Норич (2:1) и Евертон против Астон Вила (3:1), додека Борнмут како домаќин со 2:0 славеше над Саутемптон. Без победник 2:2 заврши натпреварот Сандерленд-Кристал Палас.

Оваа рунда во Премиерлигата ќе биде комплетирана во среда, кога во центарот на вниманието ќе бидат натпреварите Вест Хем-Тотенхем и Ливерпул-Манчестер Сити, а уште ќе играат и Арсенал-Свонси, Стоук-Њукасл и Манчестер Јунајтед-Вотфорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП