28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан прв финалист во италијанскиот Куп

Милан прв финалист во италијанскиот Куп

milan-silan

Фудбалерите на Милан доминантно изборија пласман во финалето на италијанскиот Куп. Милан во полуфиналниот реванш со 5:0 славеше над третолигашот Алесандрија и со вкупни 6:0 се пласира во финалето.

На „Сан Сиро“ по два гола во триумфот на Милан постигнаа повратникот во тимот Менез и дефанзивецот Ромањоли, а конечниот резултат во претпоследната минута го постави Балотели.

Противник на Милан во финалето ќе биде подобриот од второто полуфинале во кое играат Интер и Јувентус.

Овие два тима полуфиналниот реванш ќе го одиграат во среда, во Милано, а Јувентус по првиот меч стекна предност од 3:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП