2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед ангажира експерти за врева

Јунајтед ангажира експерти за врева

old_trafford

Ниту атмосферата на „Олд Трафорд“ не е повеќе она што беше порано. Така барем ја гледаат ситуацијата одговорните во Манчестер Јунајтед, кои проценија дека веќе извесно време од трибините не допира доволно силна врева која во минатото беше претпознатлива за најголемиот клубски стадион во Англија, па поради тоа напомош одлучиле да повикаат експерти.

Па така во иднина со распоредот и интезитетот на навивање на стадионот ќе управуваат експертите за „бучава“, кои ќе имаат за цел да создадат стратешки план за организацијата на навивањето и да ја вратат карактеристичната енергија на трибините.

Според старите и прави фанови на Јунајтед до намалување на „тонот“ на стадионот на Манчестер во последниве години дошло како последица на бројните туристи на трибините, како и неутралните навивачите кои преку бројните спонзори на клубот и корпорации многу лесно доаѓаат до карти и претставуваат само украс во текот на натпреварите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП