18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСветската првенка на 1.500 метри супендирана поради допинг

Светската првенка на 1.500 метри супендирана поради допинг

_88509890_aregawi_afp2

Носителката на златниот медал на Светското првенство во Москва во 2013 година, на 1.500 метри, шведската атлетичарка Абеба Арегави (25) е суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Атлетскито сојуз на Шведска.

„Со големо разочарување мораме да објавиме дека Арегави е суспендирана. Целосно сме против секој вид на мамење и имаме нулта толеранција кон допингот“, стои во соошптениеот на шведскиот сојуз.

Дневниот весник Афтонбладет, објави дека непозната супстанца била пронајдена на тестот кој на Арегави и бил направен за време на нејзиниот престој во Адис Абеба.

Арегави е родена во Етиопија, а шведско државјанство стекна во 2012 година. Минатата недела таа се најде во центарот на вниманието откако било откриено дека не плаќа данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП