2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Страхиња Милиќ го предводи тимот на колото (видео)

ЛШ: Страхиња Милиќ го предводи тимот на колото (видео)

Strahinja-Milic

Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ, го предводи тимот на колото во ракометната Лига на шампиони. Вардар, во претпоследното коло во Б групата, победи кај ПИК Сегед 31:29 и речиси си ја обезбеди третата позиција на табелата.

Милиќ беше клучниот човек на вардаровиот триумф, тој со своите одбрани најпрвo ја иницираше серијата 7:2 на стартот до второто полувреме, со која Вардар стекна предност од шест гола (25:19), а потоа со не му дозволи на домаќинот да ја оспори победата на македонскиот шампион.

Милиќ натпреварот го заврши со 13 одбрани, а една од нив се најде и меѓу најдобрите пет интервенции во ова коло.

ЛШ, тим на колото:

Голман: Страхиња Милиќ (Вардар)

Лево крило: Штефан Сигурмансон (Рајн Некар)

Лев бек: Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб)

Среден бек: Расмус Лауге (Фленсбург)

Десен бек: Ласло Наѓ (Веспрем)

Десно крило: Гаспер Маргуч (Веспрем)

Пивот: Растко Стојковиќ (Мешков Брест).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП