Актуелниот француски шампион, ПСЖ, го доживеа првиот пораз во домашното првенство по точно 320 дена. Тимот на Лоран Блан, загуби во дерби мечот одигран во рамките на 28.коло, од Лион со 2:1.
Лион, во првото полувреме ја најави победата, кога со головите на Корне и Дардер стекна предност од 2:0. До крајот на натпреварот Лукас Мура само го ублажи поразот.
Пред гостувањето на „Жерлан“, играчите на ПСЖ последниот пораз во домашното првенство го забележаа пред точно 320 дена, односно во минатото првенство кога загубија во Бордо.
Поразот не загрижува никого во ПСЖ, бидејќи овој тим се наоѓа на чекор до одбрана на тиутлата, по 28 кола има 23 бода повеќе од вторпласираниот Монако.