26 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.02.2016

Дневен хороскоп 29.02.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Подготвени сте за нови предизвици, па максимално ќе се фокусирате за нив. Ќе бидете во благосостојба. Во љубовта сте премногу сигурни во себе, па можно е малку да претерате со егото.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес сте добродушни, одлично ќе се чувствувате. Избегнувајте ги лицата во знакот на Шкорпија. Ќе ви одговараат лицата во знакот на Близнаци. Слободните Бикови денес ќе почувствуваат потреба за нова врска.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Премногу сте наивни па затоа во голем дел од денот ќе почувствувате како другите ја користат вашата добрина. На љубовен план оние во брак или долга врска ќе уживаат во романтичните прегратки.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

На деловен план ќе се појават нови прилики и нови промени, а вие потребно е да се слушате себеси. Не очекувајте поддршка од личност родена во знакот на Риби. На љубовен план премногу сте тврдоглави и премногу ги анализирате нештата.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе дадете се од себе, но можно е да почнете многу да се нервирате за некои нешта кои сте ги предвиделе, а никој не ве послушал. Денес јавно ќе побарате да ви се заблагодарат за вашиот труд. Љубовната ситуација стагнира.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Подготвени сте на компромис и дипломатско решение. Меѓутоа, се оди премногу бавно за вас. Денес сте полни со енергија и не дозволувате никој да ве гуши. Вашиот партнер ќе ви биде особено привлечен.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Цел ден ќе правите планови. Заинтересирани сте за понудите но мора да почекате уште малку. Ве привлекува енергијата од некој Овен, но нема да ве привлекува тоа што некој Стрелец ќе ви го покаже.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес не донесувајте никакви одлуки, почекајте да ја слушнете новоста од колегите на работа. Иако сте полни со енергија, ви делува како некој постојано да ве блокира. Во љубовта многумина од вас ќе се обидат среќата да ја побараат на друго место.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се грижите за работата па ќе ви биде потребно да се консултирате со некој. Послушајте од секој по нешто и направете си нов план. Денес ќе бидете посебно шармантни за спротивниот пол.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес сте подготвени за предизвиците. Ситуацијата на деловен план, без оглед колку ве нервираше минатата недела, оваа недела ќе биде поволна за вас.Во љубовта ќе почувствувате голем наплив на енергија.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес е можно да имате некаква добивка, па немојте однапред да се грижите, бидејќи така ќе донесете погрешен заклучок. Расправиите денес нема да ви донесат никаква корист. Имајте поголемо трпение.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Новиот деловен план сте подготвени да го изработите во еден здив. Сакате конечно да ја видите вистинската состојба и резултатите од сите претходни напори. Во љубовта партнерот ви е верен, но поради вашите коментари ќе го загуби трпението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП