14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига куп: Драма на Вембли, Кабаљеро херој на Сити

Лига куп: Драма на Вембли, Кабаљеро херој на Сити

kabaljero

Фудбалерите на Манчестер Сити ја освоија титулата во англискиот Лига куп, откако во драматичното финале славеа над Ливерпул дури по изведувањето на пенали. Натпреварот во регуларниот дел и во двете продолженија заврши со резултат 1:1, а во пенал серијата блескаше голманот на Сити, Вили Кабаљеро, кој одбрани три пенали.

Првиот гол во финалето, кое се одигра на „Вембли“ го постигна Бразилецот Фернандињо во 49.минута, а Ливерпул израмни преку Фелипе Кутињо во 83.минута.

Сити беше подобар противник во финалето, можеше прашањето на победникот да го реши уште во регуларниот дел, но во текот на целиот меч блескаше на голот на Ливерпул, Симон Мињоле.

Белгискиот репрезентативец особено се истакна во средишницата од второто полувреме, кога во ситуација „еден на еден“ го спречи Агуеро да псотигне гол, а потоа во последните пет минути им одбрани чисити шанси на Агуеро и Јаја Туре.

Пенал рулетот мина во знакот на голманот на Сити, Кабаљеро, кој одбрани три пенали. Серијата ја отвори Емре Џан, кој со Паненка го совлада Кабаљеро, потоа Фернандо ја погоди стативата. Кабаљеро во втората, третата и четвртата серија ги одбрани ударите на Лукас Леива, Кутињо и Лалана, а за Сити прецизни беа Навас, Агуеро и Јаја Туре.

Манчестер Сити ја освои четвртата титула во Лига купот (1970, 1976, 2014, 2016), во своето петто финале, додека Ливерпул остана на осум трофеи во ова натпреварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП