19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтрахиња Милиќ меч винер во Сегед

Страхиња Милиќ меч винер во Сегед

milic

Ракометарите на Вардар, забележаа значајна победа над ПИК Сегед 31:29 (13:14), во претпоследното коло во Лигата на шампионите. Вардар до победата го предводеше голманот Страхиња Милиќ, кој имаше брилијантен настап во второто полувреме.

ПИК Сегед и Вардар се тимови кои играчки располагаат со сличен квалитет и сличен стил на игра, со оглед на тоа дека Шпанци ги предводат двата тима.

Квалитативно израмнетите тимови одиграа егал во првото полувреме. Двата тима играа во серии, така и погодуваа, ниту еден тим не создаде предност поголема од два гола, а на полувреме домаќинот замина со гол предност.

Слично започна и второто полувреме, со по еден гол на двете страни, а тогаш на сцена стапи Страхиња Милиќ, кој буквално направи разлика на теренот.

Српскиот голман, најпрвин беше креатор на серијата на Врадар од 7:2, со која „црвено-црните“ се одлепија најпрвин на 20:16, а недолго потоа и на 25:19.

До крајот на мечот Сегед имаше неколку обиди да фати резултатски приклучок, но не успеа во тоа бидејќи Милиќ блескаше на голот на Вардар.

Милиќ натпреварот го заврши со 13 интервенции, додека стрелците кај македонскиот шампион ги предводеше Македа со осум голови, пет постигна Душебаев, а четири Горбок.

Осум голови кај Сегед реализираше Бомбач.

Вардар со победата над Сегед направи голем исчекор кон освојување на третото место во групата. За да се реалзира таквото сценарио, Вардар ќе мора во последното коло, на 5.март, да слави над Монпелје, а во исто време Рајн Некар да загуби во Барселона, односно Сегед да доживее пораз кај Кјелце.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП