18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов блесок на тинејџерот Рашфорд

Нов блесок на тинејџерот Рашфорд

4802

Маркус Рашфорд, по само 72 часа, повторно си ги обезбеди насловните страници во островскиот печат, откако со два гола го предводеше Манчестер Јунајтед до победата над Арсенал 3:2, во рамките на 27.коло во Премиер лигата.

Тинејџерот Рашфорд одигра уште еден натпревар од соништата, откако во четвртокот со два гола на мечот со Митјиланд му го трасираше патот на Јунајтед во осминафиналето, во Лига Европа, во неделата го предводеше својот тим до триумфот над Арсенал.

Рашфорд во интервал од 180 секунди, постигна два гола и ја најави победата на Јунајтед. Тој првиот гол го постигна во 29-та, а потоа зголеми на 2:0 во 32-та минута. Екс играчот на Јунајтед, Велбек успеа да намали на 2:1 во 40-та минута.

Во второто полувреме Рашфорд му асистираше на Андер Ерера, кој во 65.минута го совлада Чех со голема помош на Кошчелни. Конечниот резултат го постави Езил четири минути подоцна.

Јунајтед со оваа победа се врати на петтото место на табелата со 44 бодови, додека Арсенал е трет со 47 бодови, пет помалку од лидерот Лестер.

Веднаш зад Лестер е Тотенхем, кој има два бода помалку, откако во ова коло, со пресврт славеше над Свонси со 2:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП