9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПревц ја освои титулата во Светскиот куп

Превц ја освои титулата во Светскиот куп

prevc

Словенецот Петер Превц ја освои титулата во Светскиот куп, во ски скоковите, откако на шест натпревари до крајот на сезоната, стекна недостижна предност во однос на конкурентите.

Превц, титулата ја обезбеди со победата во Алмати, Казахстан. Превц во Алмати ја забележа 13-та победа во сезоната, со што го израмни рекордот на Грегор Шлиренцауер.

Исто така, Превц стана вториот Словенец кој ја освоил титулата во Светскиот куп, по Примож Петерка, во сезоните 96/97 и 97/98.

Превц до победата во Алмати дојде со скоковите од 139 и 139,5 метри, втор беше Зеверин Фројнд, кој постави нов рекорд на скокалницата со скокот од 141,5 метри, додека на третото место се пласира Норвежанецот Даниел Андре Танде.

На шест натпревари до крајот на сезоната Превц има недостижни 618 бодови повеќе од Фројнд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП