26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗлато за Павлов и женскиот ката тим на Балканското првенство во карате

Злато за Павлов и женскиот ката тим на Балканското првенство во карате

kurate

Македонските карате репрезентативци продолжија со одличниот настап на Балканското првенство, кое се одржува во Истанбул. По двата медала, кои во саботата го освоија Енес Смаилагиќ (злато до 75 кг) и Адил Мехмед (сребро до 67 кг), во неделата балкански шампиони стaнаа Емил Павлов и женскиот ката тим.

Емил Павлов, го освои златниот медал во категоријата до 60 килограми. На патот до златото Павлов ги победи Турците Тасоглу и Самдан, Србинот Ѓаковиќ и во финалето Турчинот Ѓулер.

Ката тимот, во состав Маријана и Мишела Домоски и Пуликсенија Јовановска, во финалето убедливо со 5-0 го совладаа тимот на Србија.

Успешниот ден за македонското карате го заокружија машкиот тим кој освои сребро во борби, односно машкиот ката тим кој се закити со бронзен медал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП