18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТешка победа на ЖРК Вардар во Шведска

Тешка победа на ЖРК Вардар во Шведска

zrk-vardarrrrrr

Ракометарките на Вардар со победа ја завршија фазата по групи во Лигата на шампионките. Вардарки, во петокот, славеа над Шведска против Савехоф со 29:26 (14:14).

„Црвено црните“ ракометарки против аутсајдерот одиграа лош меч, со многу технички грешки, а на крајот искуството и „подолгата“ клупа им ја донесе победата.

Вардарки бавно го започнаа мечот, што на Савехоф му овозможи по 15 минути игра да ја достигне максималната предност од шест голови (10:4). По тај аутот, играта на Вардар доби физиономија, но нападот и понатаму лошо функционираше.

И со таква игра, вардарки полека ја топеа предноста на Савехоф, а клучна беше серијата од четири гола во последните три минути, со која полувремето заврши 14:14.

Во второто полувреме, Вардар не блескаше но пресуди искуството на македонските шампионки.

ЖРК Вардар со оваа победа барем до недела ќе се наоѓа на првото место во Групата 2, а конечниот распоред ќе биде одреден по одигрувањето на натпреварите Будуќност-Митјиланд и Букурешт-Ѓер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП