19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИToshiba се откажа од паметните очила неколку дена пред стартот на продажбата

Toshiba се откажа од паметните очила неколку дена пред стартот на продажбата

toshi cvikeri 33

Помалку од една недела пред очекуваниот почеток на продажбата на паметните очила „Wearvue TG-01“, „Toshiba“ се откажа од нив. Причината е стратегијата за заштеда на ресурсите, коментира портпаролот на компанијата.

Очилата беа предвидени за вработени во фабриките, магацините и другите индустриски зони. Идејата беше преку нив да се отсликаат интерактивните упатства за работа со дадени машини, листи со задачи и снабдување и други службени информации. На овој начин рацете на вработените остануваат слободни и не треба да ја прекинуваат работата, за да пребаруваат тоа што им е потребно.

Првичните планови на „Toshiba“ беа очилата да започнат да се доставуваат до 29-ти февруари.

„Бидејќи уредот предизвика голем интерес, вклучувајќи ги и медиумите, до последен момент баравме можност“, коментира портпаролот на компанијата.

На крајот сепак преовладуваше новата стратегија за префокусирање на „Toshiba“ и селективно користење на ресурсите, која била усвоена во декември минатата година.

Поради истата причина е прекината и продажбата и на поскапиот модел на паметната нараквица што треба да ги следи здравствените индикатори на пациенти. Наместо тоа, компанијата сега планира префокусирање на бизнисот со здравствени уреди и технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП