Ждрепката за осминафиналната фаза во фудбалската Лига Европа, донесе неколку атрактивни мечеви, а во центарот на вниманието е најголемото дерби на англискиот фудбал, Ливерпул-Манчестер Јунајтед.
Извлекувањето на осминафиналните двојки се случи денеска во Нион, а покрај англиската пресметка, атркативни за следење ќе бидат и дуелите Атлетик Билбао-Валенсија и Борусија Дортмунд-Тотенхем.
Осминафинални двојки во Лига Европа:
Шахтјор-Андерлехт
Базел-Севилја
Виљареал-Баер Леверкузен
Атлетик Билбао-Валенсија
Ливерпул-Манчестер Јунајтед
Спарта Прага-Лацио
Борусија Дортмунд-Тотенхем
Фенербахче-Брага
Првите натпревари од осминафиналето ќе се одиграат на 10-ти март, а реваншите на 17-ти март.
Финалето во Лига Европа ќе се одигра на 18-ти мај, на стадионот „Сент Јакоб Парк“ во Базел.