19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРашфорд влезе во историјата на Манчестер Јунајтед (видео)

Рашфорд влезе во историјата на Манчестер Јунајтед (видео)

3824

Тинејџерот Маркус Рашфорд, во четвртокот вечерта, испиша нова страница во историјата на еден од најдобрите светски клубови, Манчестер Јунајтед.

Рашфорд, во победата на Јунајтед над Митјиланд (5:1), во Лига Европа, постигна два гола и стана најмладиот стрелец на ’црвените ѓаволи’, во европските купови.

Рашфорд има 18 години и 117 дена, шанса да дебитира за првиот тим на Манчестер Јунајтед доби сосема неочекувано, откако на загревањето пред мечот со Митјиланд, се повреди Ентони Марсијал.

Младиот напаѓач, во второто полувреме постигна два гола, односно вториот и третиот со кој на Јунајтед му ја обезбеди победата и пласманот во осминафиналето. Воедно тој го собори рекордот на Џорџ Бест од 1964 година, кој првиот гол во европските купови го постигнал кога имал 18 години и 158 дена.

„Немав друг избор, Рашфорд мораше да игра. Беше одреден да биде на клупата за овој меч бидејќи е идеална замена за Марсијал. Одигравме одличен меч, особено добри беа младите играчи. Не им беше лесно на Рашфорд и Рајли (19) да дебитираат на еден европски меч, пред се поради притисокот бидејќи моравме да победиме. Сепак тие одиграа фантастичен натпревар“, рекол по мечот менаџерот на Јунајтед, Ван Гал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП