29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го предаде мечот во Дубаи

Ѓоковиќ го предаде мечот во Дубаи

гјоко

Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето го заврши настапот на АТП турнирот во Дубаи, откако при резултат 3:6 за Фелисијано Лопез, го предаде мечот поради проблемите со десното око. Ова е прв пат по речиси пет години Ѓоковиќ поради повреда пред време да го заврши мечот.

Ѓоковиќ во Дубаи ја прекина неверојатната серија од 17 последовни настапи во финалињата на АТП турнирите, а исто така го доживеа првиот пораз уште од ноември минатата година, кога загуби од Роџер Федерер во првото коло на завршниот Мастерс.

Шпанецот Фелисијано Лопез, кој во осмиот дуел прв пат славеше над Ѓоковиќ, во полуфиналето за противник ќе го има Кипранинот Маркос Багдатис кој во два сета славеше над Роберто Батиста Агут.

Втората полуфинална двојка на турнирот во Дубаи ја формираа Ник Кирјос и Стан Вавринка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП