18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИмето СЦ Борис Трајковски не се менува

Името СЦ Борис Трајковски не се менува

борис

Раководството на Спортскиот Центар Борис Трајковски во четвртокот соопшти дека во ниеден случај не е спомнато ниту предвидено е менување на името на центарот, односно дека неговото име останува СЦ Борис Трајковски.

„Во врска со наводите и информациите дека Спортскиот Центар Борис Трајковски ќе добие друго име и назив, сакаме да истакнеме дека се целосно невистинити и тенденциозни. Не се работи за никакво преименување, ниту пак привремено прифаќање на некаков друг назив“, стои во соопштението.

Притоа се потсетува дека на 15 февруари компанијата Оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ потпишаа договор за деловна соработка.

„Во рамки на договорот предвидено е целосно брендирање на дел од капацитетите на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ под брендот Вип, како и именување на мултифункционалната спортска арена во “Вип арена” и дел од останатите спортски објекти соодветно“, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП