21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAudi целосно ги откри новите S4 и S4 Avant (фото)

Audi целосно ги откри новите S4 и S4 Avant (фото)

s4 novi

Недела пред почетокот на автосаемот во Женева германската компанија „Audi“ откри детални информации за седанот „S4“ и караванот „S4 Avant“ кои ќе се појават на пазарот во оваа година.

s4 novi1

И двете возила се опремени со 3.0-литарски „TFSI“ мотор кој развива моќност од 354 КС и максимален вртежен момент од 500 Nm. Тој е комбиниран со 8-степен менувач „Tiptronic“.

s4 novi2

Седанот забрзува од 0 до 100 km/h за 4,7 секунди, а караванот за 4,9 секунди, додека максималната брзина и кај двата модели е ограничена по електронски пат на 250 km/h.

s4 novi3

Традиционално за слични автомобили клиренсот е намален, а двата автомобили на „Audi“ се со 23 мм пониски од стандардниот „A4“. Седанот и караванот се опремени со систем „Quattro“, која во стандарден режим пренесува поголемиот дел од моќта кон задните тркала, но во случај на потреба реагира и ја препраќа до оние кои имаат подобар стисок.

s4 novi4

„Audi S4“ и „S4 Avant“ се потпираат и на дополнителниот диференцијал, кој го распределува вртежниот момент меѓу задните тркала.

s4 novi5

Двете спортски верзии добиле панел со инструменти кој претставува дисплеј со големина од 12,3 инчи. За автомобилите е предвиден посебен спортски режим, при чие активирање од екранот ќе се избришат сите непотребни податоци.

s4 novi6

Возилата се опремени исто така со последната генерација на мултимедијалниот систем „MMI“, кој може да работи како со смартфони „Apple“, така и со уреди кои користат „Android“. Сопственикот на автомобилот има на располагање мобилна апликација со чија помош може да ги отклучува и заклучува вратите, да стартува греење и да бара место за паркирање.

s4 novi7

Во Европа новите „Audi S4“ и „S4 Avant“ ќе излезат во текот на летото, а цените на седанот стартуваат од 59.300 евра, додека на караванот 61.500 евра.

s4 novi9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП