2 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМукаетов: Целосна мобилизација за олимписките квалификации

Мукаетов: Целосна мобилизација за олимписките квалификации

mukaetov 33

Претседателот на Ракометната федерaција на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, на седницата на Управниот одбор, го анализираше учеството на репрезентацијата на Европското првенство и воедно побара поддршка  за претстојните олимписки квалификации.

„Настапот во квалификациите за Летните олимписки игри е сериозен момент. Оваа шанса машката репрезентација ја има втор пат, но за оваа генерација ова е последна шанса. Сите ние гориме од желба да се пласираме на Олимписките игри. Доколку не ја оставриме целта, подготвени сме да ја понесеме одговорноста и да го отстапиме своето место на некој друг“, рече првиот човек на РФМ, Мукаетов.

Инаку на седницата Управниот одбор го назначи Милчо Чакарески за нов директор на машката сениорска репрезентација.

Македонските ракометари, во Гдањск, од 8-ми до 10-ти април ќе се борат за олимписка виза, а противници ќе им бидат репрезентативците на Полска, Чиле и Тунис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП