11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелинџ Куп: Вардар Јуниор славеше над Карпати

Челинџ Куп: Вардар Јуниор славеше над Карпати

vardarki-junior

Ракометарките на Вардар Јуниор со победа над Карпати го заокружија успешниот викден на “црвено-црното’ семејство, во кој победи во Лигата на шампионите, во изминатите два дена забележаа нивните постари колеги и колешки.

Вардар Јуниор, во првиот четвртфинален меч во Челинџ купот, славеа над Карпати со 22:19.

Избраничките на тренерот Симовски, со исклучок на воведните минути кога гостинките поведоа со 0:3, имаа целосна контрола врз играта и резултатот.

Наташа Нолеска со осум голови беше најефикасна во редовите на Вардар Јуниор.

Реванш натпреварот во Украина ќе се одигра на 28.февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП