19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФиналето на шпанскиот Куп ќе се игра во Мадрид

Финалето на шпанскиот Куп ќе се игра во Мадрид

shpanski-kup

Финалето на фудбалскиот Куп на Шпанија сепак ќе се одигра во Мадрид, но на „Винсенте Калдерон“, стадионот на Атлетико. Во финалниот меч на 22.мај ќе играат Барселона и Севилја.

Помалку и како провокација Барселона изминатите денови бараше финалето да се игра на стадионот на Реал, но „Сантијаго Бернабеу“ тие денови ќе биде недостапен поради концерот на рок ѕвездата Брус Спрингстин.

Последен пат финалето во Купот на Шпанија, на „Винсенте Калдерон“ се одигра во 2012 година, тогаш Барселона го совлада Атлетик Билабо со 3:0.

Финалето во шпанскиот Куп ќе се одигра само четири дена по финалниот меч во Лига Европа, а постои шанса таму да игра Севилја, која во изминатите две години го освојуваше трофејот во ова натпреварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП