27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаварците го сакаат Пјаниќ

Баварците го сакаат Пјаниќ

pjanic

Претставници на Баерн Минхен ќе допатуваат во Рим каде во следните неколку дена ќе разговараат со првите луѓе на Рома во врска со трансферот на плејмејкерот на „волчицата“, Миралем Пјаниќ.

Според италијанските медиуми, управата на Баерн е одушевена од игрите на босанскиот интернационалец, а такво мислење има и новиот тренер Пеп Гвардиола кој се согласил да се обидат да преговараат за неговиот потпис.

Пјаниќ оваа сезона има 19 настапи за Рома и има постигнато три гола. Цената на овој 23-годишен фудбалер е околу 15 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП