8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАндерсон продаден на Ман.Јунајтед за 60 млн евра

Андерсон продаден на Ман.Јунајтед за 60 млн евра

during the Serie A match between SS Lazio and Genoa CFC at Stadio Olimpico on September 23, 2015 in Rome, Italy.

Фудбалерот на Лацио, Фелипе Андерсон, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Манчестер Јунајтед за сума од 60 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што објави „ilmessaggero“ на својата интернет страница, претседателот на Лацио, Клаудио Лотито на своите пријатели им се пофалил дека заклучил добар бизнис, бидејќи го купил Андерсон за осум, а на Манчестер Јунајтед му го продал за сума од 60 милиони евра.

Инаку, интересот на Манчестер Јунајтед за Бразилецот трае една година, Ван Гал сакаше да го донесе и во јануари, но римјаните трансферот го одложија за летниот преоден рок.

Андерсон не игра на посакуваното ниво оваа сезона, во Серија А, тој има постигнато само шест голови на 24 одиграни натпревари. 23-годишниот фудбалер од средниот ред, во Лацио пристигна во 2013 година од редовите на Сантос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП