6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЛЕБ ја тужи ФИБА

УЛЕБ ја тужи ФИБА

fiba_aba_uleb-840x420

Компанијата „Euroleague Basketball“ до Европската комисија поднесе тужба против Светската кошаркарска федерација (ФИБА) и ФИБА Европа. Борбата меѓу компанијата, која стои зад УЛЕБ Евролигата и ФИБА, односно ФИБА Европа, се вжешти пред неколку месеци, кога УЛЕБ објави дека од наредната сезона во Евролигата ќе играат 16 екипи, од кои 11 ќе имаат загарантирано учество во наредните 10 години.

УЛЕБ на својата официјална интернет страница го објави соопштението, во кое пишува дека тужбата против ФИБА и ФИБА Европа е поднесена поради „константните притисоци кои се вршат врз клубовите“.

„Евролигата поднесе тужба против ФИБА и ФИБА Европа, пред Европската комисја, поради константи притисоци врз клубовите кои овие организации ги вршатдиректно или со посредство на националните федерации, а со цел да ги натераат клубовите да се откажат од учеството ва натпреварувањата кои од 200 година ги организираме сами, преку сопственичките и управувачите права во Euroleague Basketball“, се наведува во соопштението.

ФИБА, за наредната сезона го најави новото натпреварување, Лигата на шампиони (деталите за неговото функционирање ќе бидат објавени на 20. и 21.март), додека УЛЕБ ќе го реформира постоечкиот формат на Евролигата, во која ќе играат 16 екипи.

УЛЕБ, во соопштението, истакнува дека под притисок на ФИБА и ФИБА Европа, не се наоѓаат само клубовите, туку и играчите и судиите, кои се соочувале со закани од суспензии доколку не прифатат да учествуваат во натпреварите кои се под нивна ингеренција.

Од УЛЕБ сметаат дека ова е во спротивност со законите на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП