17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоти се повлекува, ќе биде директор на Рома

Тоти се повлекува, ќе биде директор на Рома

AS Roma v Sevilla FC -  Preseason Friendly

Живата легенда на Рома, Франческо Тоти, на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера и веднаш ќе седне во директорската фотелја во клубот, соопшти генералниот менаџер Мауро Балдисони.

Балдисони, рекол, дека Тоти најмалку шест години, ќе ја обавува директорската функција.

„Се уште постои шанса тој да продолжи да игра, но тоа треба да го решат Тоти и претседателот Палота. Претседателот веќе изјави дека Тоти ќе има свое место во клубот. Кај нас ништо не е сменето по последните случувања, Тоти ќе се врати во тимот за наредниот меч“, рекол Балдисони.

Франческо Тоти во септември ќе наполни 40 години, тој целата своја кариера ја мина во дресот на Рома. За ’волчицата’, Тоти има одиграно 749 натпревари и постигнато 300 голови. Со Рома има освоено една титула во Серија А и две титули во Купот и Суперкупот на Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП