5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико и Реал ја губат трката со Барселона

Атлетико и Реал ја губат трката со Барселона

atleatle

Реал и Атлетико полека го губат чекорот со Барселона во шампионската трка во шанскиот шампионат. Барселона има осум бодови предност пред Атлетико, а девет пред Реал, откако мадридските тимови во 25.коло освоија само по еден бод.

Реал, во Малага, одигра 1:1, откако до предност стигна со голот на Роналдо од офсајд, во 33.минута, а три минути подоцна Португалецот не успеа да го совлада Канеми од пенал. Бод за Малага обезбеди Албитенос кој го совлада Кејлор Навас во 66.минута.

Атлетико, во дербито на ова коло, не успеа да слави над Виљареал. Мечот на „Винсенте Калдерон“ заврши со најнепопуларниот резултат 0:0.

Валенсија ја забележа третата победа во низа, втора во Примера, откако славеше во Гранада со 2:1. Дани Парехо и Санти Мина ги постигнаа головите за тимот на Гери Невил.

Оваа рунда во Примера го донесе и баскиското дерби, во кое Реал Сосиедад славеше во Билбао над Атлетик со голот на Жонатас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП