9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФА куп: Крај за Сити и Тотенхем

ФА куп: Крај за Сити и Тотенхем

celzi

Челзи и Вест Хем со убедливи победи ја минаа петтата рунда во најстарото фудбалско натпреварување во светот, ФА купот. Покрај лондонските тимови, осминафиналето го минаа Кристал Палас кој го елиминира фаворизираниот Тотенхем.

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, реши против Челзи во Лондон да настапи со комбиниран тим и тој експреимент го чинеше висок пораз.

Диего Коста постигна гол за Челзи во првото полувреме, а резултатот го израмни Фуапала, но во второто полувреме се случи рапсодија на ‘сините’. Голови постигнаа Вилијан, Кејхил и Азар, потоа Оскар промаши пенал, а конечните Челзи-Манчестер Сити 5:1 ги постави Траоре.

Тотенхем влезе како фаворит во дуелот со Кристал Палас, но од него не излеза како победник. Маурисио Покетино остави неколку стандардни играчи на клупата, но и покракт тоа Тотенхем доминираше но не успеа да постигне гол. Кели во 46.минута го псотигна единствениот гол на мечот.  

Блекбурн го пречека Вест Хем и претрпе убедлив пораз од 1:5. Во тимот на Вест Хем со два гола дебитираше нигерискиот напаѓач Еменике.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП