5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Сигурни победи за Вардар и Шкендија

ПМФЛ: Сигурни победи за Вардар и Шкендија

prva liga

Вардар и Шкендија со победи стартуваа во пролетниот дел од сезоната во домашното првенство. Во неделата Вардар славеше над Ренова со 4:1, додека Шкендија со 2:0 го победи Хоризонт Турново.

Вардар со убедлив триумф стратуваше во пролетниот дел од првенството и ја задржа предноста од пет бода во однос на Шкендија.

Ќеран, на официјалното деби во дресот на Вардар, постигна два гола, а стрелци за актуелниот шампион беа уште Абдула (автогол) и Блажевски. Почесниот гол за Ренова го постигна Гафури на истекот на натпреварот.

Шкендија, во Кичево, со головите на Радески ги освои бодовите против Хоризонт Турново.

Еден гол му беше доволен на тимот на Шкупи да ги освои бодовите во дуелот со Металург, додека максималниот ефект на домашните тимови во ова коло го ‘расипа’ Брегалница која одигра 2:2 во Кратово против Силекс.

Табела: 1. Вардар 46, 2. Шкендија 41, 3. Работнички 27, 4. Шкупи 27, 5. Силекс 27, 6. Брегалница 20, 7. Ренова 20, 8. Турново 20, 9. Младост 16, Металург 13.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП