16 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Лилард со личен рекорд го сруши Голден Стејт

НБА: Лилард со личен рекорд го сруши Голден Стејт

damian lilard 00

Најдобриот тим во НБА лигата, Голден Стејт, во првиот меч по паузата за Ол Стар викендот доживеа катастрофален пораз во Портланд (137:105).

Инспириран од присуството на Стеф Кари и Клеј Томпсон, натпреварот на кариерата го одигра плејмејкерот на Портланд, Демијан Лилард. Тој постигна 51 поен (9/16 за два, 9/12 за три), а имаше и седум асистенции, шест украдени и ниту една загубена топка.

„Беше феноменален. Изгледаше како Стеф Кари“, ја прокоментира играта на Лилард, тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, чиj тим го забележа само петтиот пораз во сезоната.

Покрај Лилард, одличен меч за победникот одигра и неговиот партнер од бековската линија Си Џеј Меколум (21 поен, 7 асистенции, 4 скока).

Стеф Кари со 31 поен и Клеј Томпсон со 23 поени, беа најефикасни во редовите на шампионот, кој го забележа првиот пораз по 16-ти јануари.

Резултати: Орландо-Далас 110:104, Вашингтон-Детроит 98:86, Бруклин-Њујорк 109:98, Атланта-Мајами 111:115, Чикаго-Торонто 109:104, Мемфис-Минесота 109:104, Милвоки-Шарлот 95:98, Њу Орлеанс-Филаделфија 121:114, Оклахома-Индијана 98:101, Феникс-Хјустон 100:116, Портланд-Голден Стејт 137:105, ЛА Лејкерс-Сан Антонио 113:119, Јута-Бостон 111:93.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП