19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуп на Македонија: Куманово го детронизира Работнички

Куп на Македонија: Куманово го детронизира Работнички

гевге5

Кошаркарскиот Куп на Македонија ќе добие нов владател откако Работнички не успеа да го мине Куманово во четвртфиналето на завршниот турнир, чии домаќин е Гевгелија.

Во најпривлечноиот четвртфинален натпревар, Работнички имаше предност (74:70) против Куманово на пет минути до крајот на средбата, но репрезентивецот Александар Костовски, не им дозволи на играчите од Градски Парк да се пласираат во полуфиналето.

Костовски постигна осум поени во серијата од 9:0 која ја направија Кумановци, а мечот го заврши со 24 кошеви. Куманово на крајот славеше над Работнички со 85:79.

Противник на Куманово во полуфиналето ќе биде тимот на Карпош Соколи, кој без проблеми славеше над Струмица со 91:53.

Втората полуфинална двојка според очекувањата ја формираа МЗТ Скопје и домаќинот на турнирот Кожув.

МЗТ, на отворањето на тунирот, славеше над Бест (89:58), додека Кожув го порази Фени со 68:56.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП