18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДефанзивецот на Стоук поради удар со топка во главата ја прекинува кариерата

Дефанзивецот на Стоук поради удар со топка во главата ја прекинува кариерата

стоук-моук

Играчот од одбраната на англискиот фудбалски прволигаш Стоук Сити, Енди Вилкинсон е принуден да ја заврши играчката кариера на 31-годишна возраст поради повредата на главата со којашто се здоби по удар на топката на минатогодишниот натпревар во ФА Купот против Блекбурн Роверс.

Во натпреварот одигран ланскиот февруари, Енди Вилкинсон доби силен удар со топката од голема близина, и од тој момент не заигра.

По добиениот удар, Вилкинсон пати од вртоглавица и секогаш кога ќе се обиде да тренира му се заматува видот, чувствува болки во вратот.

Одлуката, иако неволно, ја донел по консултации со специјалист во Канада, кога се констатирани повреди на мозокот. Претходно, во надеж дека ќе ја продолжи кариерата трипати беше на специјалистички третмани во САД за потрес на мозокот. Тие го предупредиле за високиот ризик од натамошно играње

Во текот на кариерата Вилкинсон остварил повеќе од 200 настапи за Стоук Сити, а неговиот договор со клубот изминува по завршувањето на сезоната 2014/2015.

Повлекувањето на Вилкинсон доаѓа само два месеца откако англиската фудбалска асоцијација издаде нови насоки за препорачана временска рамка во којашто играчот може да се врати на теренот по доживеан потрес на мозокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП