12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар Јуниор ќе брка победа против Карпати

Вардар Јуниор ќе брка победа против Карпати

sime 00

Ракометарките на Вардар Јуниор, в понеделник (18:30 ч), против Карпати, ќе го одиграат првиот четвртфинален натпревар во Челинџ купот. Вардар Јуниор во претходните две рунди ги елиминираше екипите на Лондон и Војводина, додека Карпати во претходната рунда го одигра првиот меч и во двете средби убедливо го елиминираше тимот на Колехио де Гаиа (Португалија).

„Голем успех за нас е што стигнавме во четвртфиналето во Челинџ купот. Дуелот со Карпати за нас е како секој друг, имавме време да се подготвиме. Доколку ја одиграме онака како што знаеме, односно доколку одиграме добро во одбраната, резултатот ќе биде во наша полза“, изјави тренерот на Вардар Јуниор, Симе Симевски, кој информира дека здравствениот билтен е добар, со исклучок на Ангела Тодоровска за која оваа сезона е завршена.

Симевски смета дека врз неговите ракометарки нема да влијае фактот што првиот меч го играат на домашен терен, а реваншот во Украина, од причина што во претходните две рунди и двете средби против Лондон и Војводина ги играа во Скопје.

„Не треба многу да обрнуваме внимание на тоа дека ќе играме дома па во гости. Едноставно треба да одиграме онака како што знаеме, да не се оптоваруваме со резултатот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП