7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБожиновски остана без пласман во слалом

Божиновски остана без пласман во слалом

bozinovski

На страртот на слаломската трка на младинските ЗОИ во Лилехамер се појави 61 скијач, а Божиновски беше еден од 19-те кои не ја завршија првата трка.

Лука Божиновски на ЗОИ настапи во четири алпски дисциплини, во три (супервелеслалом, велеслалом и слалом) не оствари пласман, додека во комбинација заврши на 24-то место.

Ден претходно настапите во Лилехамер ги заврши и нордиецот Ставре Јада. На трката на 10 километри тој го освои 34-то место, додека претходно на трката во крос кантри (слободно и спринт) беше 43-ти, односно 44-ти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП