9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКастратовиќ: Време е да славиме над Будуќност

Кастратовиќ: Време е да славиме над Будуќност

kastratovik

Ракометарките на Вардар против Будуќност ќе го одиграат дерби мечот во претпоследното коло, во фазата по групи во Лигата на шампионките.  ЖРК Вардар во досегашните дуели никогаш не славел против Будуќност, а во таборот на македонските шампионки се надеваат в недела (17:30 ч) ќе стават крај на негативната традиција.

Оптимизмот, желбата за победа и тимската хемија се факторите кои во ЖРК Вардар се повикуваат пред дуелот со европскиот првак. Претседателката на клубот Гордана Нацева, на прес-конференцијата, натпреварот го најави како дуел на екипи кои ќе играат на завршниот турнир во Лигата на шампионките, додека тренерот Индира Ластратовиќ смета дека традицијата постои за да биде урната.

Вардарки имаат причина за оптимизам, тој се темели на последните две средби, во кои тимот со сигурна игра забележа две убедливи победи. Инаку тие две победи дојдоа по убедливиот пораз токму од Будуќност пред еден месец (31:19).

„Сакам в недела салата да биде полна, за да покажеме дека поразот во првиот меч беше само еден лош ден. Мислам дека нé очекува интересен натпревар, а од наша страна можам да ветам борба до самиот крај. Дефинитвно, не треба да се трошат премногу зборови за тимот на Будуќност, го респектираме овој тим, добро ни е позната нивната игра. Треба да се обидеме да ја пробиеме нивната одлична одбрана и да бидеме поуспешни од нивната голманка која во последно време брани во голема форма. Ме радува што нашата форма оди по нагорна линија и поради тоа се надевам дека можеме да ги освоиме бодовите“, рече ракометарката на Вардар, Сања Дамјановиќ.

„Исклучително значаен меч за нас. Би требало да забележиме победа, доколку го направиме тоа, мислам дека конечно ќе ја надминеме таа психолошка бариера. Целосно сме посветени на овој меч, се надевам дека ќе одиграме перфектно како што игравме во Букурешт. Будуќност игра перфектна одбрана, во секој меч прима малку голови, доколку успееме да постигнеме повеќе од 22 гола, мислам дека можеме да победиме“, рече тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ.

Во пресрет на последните две кола во Групата 2, Будуќност води со 13 бодови, два повеќе од Ѓер, а три од ЖРК Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП