18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM направи ново стекнување во здравствениот сектор

IBM направи ново стекнување во здравствениот сектор

ibm 242

„International Business Machines“ (IBM) ја купува компанијата за чување на здравствени податоци „Truven Health Analytics“ за 2,6 милијарди долари, во обид да го прошири своето присуство во областа на здравството.

Договорот ќе ја зголеми за двапати големината на единицата на „IBM Watson Health“ до 5000 вработени, додека компанијата додава нови технолошки услуги во своето портфолио, кои ќе се продаваат на лекари и болници.

„Сега веќе сме длабоко вградени во системот на здравствена заштита“, тврди Џон Кели, постар заменик претседател на „IBM“, одговорен за портфолиото на одлуки и за истражувањата.

Во последната година „IBM“ се насочи силно кон превземања во здравствениот сектор, купувајќи компании за медицински технологии за повеќе од 4 милијарди долари.

Она што таа го добива од стекнувањето на „Truven“ и другите фирми кои ги купила, се податоците кои „IBM“ ќе ги користи за да го подобри својот систем со вештачка интелигенција „Watson“, тврди Кели. Овој тип на системи бараат огромни количини на податоци, од кои придобиваат корисни модели.

„Податоците во здравството се особено ценети во моментов“, вели Мајкл Чернев, економист во „Harvard Medical School“.

Акциите на „IBM“ ја завршија трговијата на берзата во Њујорк со 5% скок, достигнувајќи 132,45 долари за готово.

„Truven“ која е базирана во Ен Арбор, Мичиген, нуди услуги поврзани со здравството, на компании, болници и фармацевтски фирми за да им помогне да ја подобрат ефикасноста на производите и услугите. Нејзиниот софтвер може да скенира милиони податоци и на пример да им пишува на болниците дали пациентите го добиле вишокот процедури.

Кели тврди дека верува дека „Watson“ ќе може да врши подобра анализа на податоците на „Truven“.

Зделката, која се очекува да биде завршена за неколку месеци, е најголемото стекнување, направено под раководство на Вирџинија Ромети, откако таа стана извршен директор на „IBM“ во 2012-та година. Таа се обидува да ја насочи компанијата која е околу 104 години, во нова насока, откако направи инвестиции во анализа на податоците и безбедноста, бидејќи основниот бизнис на „IBM“ продолжува да бележи пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП