ИНТЕРЕСНО

Гевгелија домаќин на завршниот турнир во кошаркарскиот Куп

gevge

Од денес до недела Гевгелија ќе биде домаќин на завршниот турнир од Кошаркарскиот куп на Македонија. На 24-то издание на купот на Македонија ќе учествуваат осум екипи во машка конкуренција и четири во женска конкуренција.

Натпреварите во Купот ќе стартуваат в петок, први на теренот ќе излезат кошаркарите на МЗТ Скопје и Бест, потоа следуваат натпреварите Струмица – Карпош Соколи (15:30 ч), Работнички-Куманово (18 ч) и Кожув-Фени Индустри (20:30).

Во сабота се играат полуфиналните средби , финалето е на програмата во недела. женското финале стартува во 15-30 часот, а машкото се игра од 19-30 часот.